Митко Јанчев: Се откажувам од градоначалничката плата и нема да се возам со службено возило

by Fokus

Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска на прес-конференција истакна дека се откажува од градоначалничката плата и нема да користи службено возило.

– Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми. Овој фонд за четири години ќе изнесува 50.000 евра, а распределбата на финансиските сдерства ќе ја врши тело составено од социјални работници и истакнати хуманисти – истакна Јанчев.

Поврзани новости