Митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во сенка на бугарскиот Рико Бенд

by fokus

Предизборната кампања на коалицијата ,,За подобра Македонија’’ предводена од ВМРО – ДПМНЕ дефинитивно ќе остане запаметена во знакот на Амди Бајрам. Освен по ,,неверојатните,, изјави и по модниот стајлинг ,,А ла Доналд Трамп’’ тој повторно е во центарот на вниманието со уникатните постери за митингот кој што се одржал вчера, во спортската сала ,,Сонце“, а на кој што како главни ѕвезди, наместо политичарите, ги најавил музичките гости од Бугарија, Рико Бенд и нивната секси пејачка.

Плакатот за митингот организиран од Сојузот на Ромите на Македонија, каде што свое обраќање имал Бајрам, како единствен кандидат за пратеник – Ром, но и други кандидати за пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, повеќе личи на постер кој што рекламира концерт на некоја музичка група, отколку на политички настан. Не знаеме дали тоа е некоја нова тактика на Амди, за да привлече повеќе посетители на кои што им се слуша музика, отколку политички ветувања. Како и да е, тој секогаш успева да го привлече вниманието на јавноста и да приреди уникатно шоу на сите свои појавувања.

В.К.

Поврзани новости