Митевски: Прислушувањето започна со набавката на опрема од Израел

by Фокус

Во Македонија нелегално се прислушуваат илјадници граѓани, без судски налог, од 2008 година, кога Министерството за внатрешни работи набавува опрема од Изразел која овозможува масовно прислушување, смета екс шефот на државната и јавната безбедост, Горан Митевски.

– По избивањето на оваа афера, двајца од МВР се во притвор, а поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, иако се најавува дека е првоосомничен за нелегално прислушување, гледаме дека се гони за нелегално поседување на пиштол. Налогот за прислушување го дава Никола Груевски, кој се фаќа на јадицата кога разговора со луѓе чии телефони се прислушуваат. Тоа траело пет години и може да се каже дека се опуштил во разговорите – изјави Митевски во Белград.

Според него, неспоредлива е оваа ситуација со онаа пред конфликтот во 2001 година.

Поврзани новости