Кривична пријава против Груевски за поттикнување агресија

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска поднесе кривична пријава за поттикнување и планирање на агресија против премиерот Никола Груевски. Жерновски пријавата ја поднесува поради протестите пред општина Центар во јуни 2013 година кога поголема група граѓани кршеше прозори на општината.

Во еден од снимените разговори кои ги објави опозицијата, се слуша како премиерот Груевски нарачува пред општина Центар да се донесат 2.000 луѓе кои ќе влезат во општината. Тој уште вели „да излезе некој од толпата и да му врзе 5-6 јаки шамари“ на Жерновски.

 

Поврзани новости