Кекеновски: Македонија станува нестабилна држава!

by Фокус 10:35
10:35

Со Македонија владее една политичка олигархија, која го сочинува нелегитимното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, чиј мандат на чело на најголемата владејачка партија истече пред еден месец, изјави предмалку во Белград универзитетскиот професор Јове Кекеновски, еден од основачите на оваа партија, неодамна беше исклучен од партиските органи.

– Има страв кај граѓаните, но и еден песимистички став дека државата нема шанси да еволуира во правна држава. Ова е резултат на апсолутната власт на Груевски и неговата камарила, која нема свест и совет, ниту морал за основните принципи за функционирање на современата демократска држава. Македонија станува нестабилна држава, па се плашам дека веќе е загрозен патот кон ЕУ и земјава наесен да го загуби кандидатскиот статус. Стравувам и дека ситуацијата ќе ескалира кога граѓаните ќе излезат на улица зашто демократските средства се исцрпени – рече Кекеновски.

- Advertisements -

Тој додаде дека неопходно е да се оформи преодна влада на национално единство која, според него, ќе ги департизира институциите, судството и обвинителството, и ќе спроведе фер избори.

Поврзани новости