МИТЕВСКИ: КАТАСТРОФАЛНО Е ШТО ДУРИ СЕГА ДОЗНАВАМЕ ДЕКА УНИШТУВАЛЕ ОПРЕМА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ

by Фокус

Катастрофално е што дури денеска дознаваме дека е уништена опрема за прислушување во МВР, вели за Стандард поранешниот шеф на УБК, Горан Митевски, по објавување на случајот „Тврдина“ од страна на Специјалното обвинителство.

„Овој случај беше очекуван и јас во неколку наврати споменав во медиуми дека е прислушувано со опремата од МВР. Не постои можност за сечење лепење и монтирање на разговори. Очекувам да не му биде одреден притвор на првоосомничениот, што дополнително ќе го доведе во прашање целиот правен систем. Нејасно е како собраниската комисија нема податок дека опремата цела година е уништена, како собранието го прикриваше овој момент. Комисијата се пофали дека била, разговарала неколку часа, не е класифицирано прашање дали опрема е уништена. Катастрофално е што денеска дознаваме. Имаме промена на министер, кој е од редовите на опозицијата веќе шест месеци. Многу луѓе прикриле информации кои не требало да ги прикријат“, вели Митевски за Стандард.мк.

Поврзани новости