Мисовски: За украдени ќебапи се лежи во затвор три години, а криминалот се крие зад фантомски фирми

by Фокус

Процесите на декриминализација на македонското општество и реалната можност за кривична одговорност ја испаничија фамилијата. Стравот кај владејачката партија се покажа и при акција на СЈО во Централниот регистер, со кој раководи нивен кадар. Освен што го игнорирале барањето за достава на документација за одредени фирми, тие се обидоа и да прикријат докази, рече Горан Мисовски, претседател на Централниот изборен штаб на НСДП со претседателите на општинските организации на партијата од шестата изброна единица, која се одржа во Тетово.

– Во обид да го затскријат криминалот кој го направиле изминативе десет години преку сомнителни фирми, панично упаѓаат во нови кривични дела. Македонија стана земја во која за украдени ќебапи се лежи затвор 3 години, а криминалот се крие. Чудно е како државниот јавен обвинител ги премолчува индициите за криминал, кога праксата покажува дека корумпираните политичари користат офшор компании за да го скријат својот идентите и да го заштитат нелегално стекнатото богатство –  рече Мисовски.

Според него, за сомнителните бизниси на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку фантомски фирми можевме да се запознаеме и од „бомбите“.

– Јавноста слушна како одредени офшор компании учествувале во купопродажба на плацеви на Водно. Додека рударите се мачат во јамите и земјоделците ги манипулираат со субвенциите, а примателите на социјална помош ги убедуваат дека месецот може да го поминат со четири илајди денари, раководството на владејчката партија е преокупирано со тоа како да ги сокрие трагите од нелегалните бизнис активности – рече Мисовски во Тетово.

Поврзани новости