Спасовски: Србија се предомисли за екстрадицијата на Даравелски

by Фокус

Прво бевме известени дека поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски ќе ни биде испорачан, но подоцна српските власти се предомислија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Екстрадицијата се прави врз основа на барање од Интерпол, односно преку Министерството за правда до Србија. Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција – појасни Спасовски.

Поврзани новости