Мисовски: Исчистете го воздухот, исчистете го Никола Тодоров

by Фокус

Вие министре денеска повеќе личевте на градежен инженер, што сте изградиле се, а не почувствувавте никаква потреба да се извините на родителите на Тамара и Анамарија. Како не проработи човечкото кај вас и не чувствувате никаква морална одговорност за сите трагични случувања во јавното здравство. Вие сте лично одговорни за смртта на малата Тамара. Нели ви одѕвонуваат во вашата совест пораките на мајката на Тамара на протестот пред Министерството за здравство, му се обрати пратеникот од НСДП, Горан Мисовски.

– Имавте желба малата Тамара да ви биде реклама, за да се отвори Спиналниот центар. Од џеб да скавте, ќе извадевте 30.000 евра и ќе го платевте лекувањето. Тука е и малата Анамарија, за која, исто така не почувствувавте дека треба да се извините на нејзиното семејство. Кога ќе отворите гугл, од десет вести за вас, девет се негативни – „Тодоров го загрозува животот на дијабетичарите“, „Тој е првиот министер што забрани штрајк на лекари, а организираше контраштрајк“. Дури имаше и наслов – „Да го исчистиме воздухот, да го исчистиме и Никола Тодоров“. Кај нас умираат луѓе, а вие зборувате за направени плакарчиња. Вие немате морална одговорност, вие немате морал, никакво човечко достоинство – додава Мисовски.

 

 

Поврзани новости