Оценката и впечатокот на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, по средбата со Алексис Ципрас е дека во овој момент не постои веројатност за решение.
На прашањето дали има чувство дека спорот со името се движи кон решение, Димитрис Куцубас, кусо одговара: „Мислам дека не постои таква можност во овој момент“.
Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција на Алексис Ципрас, му ги пренел позициите на Комунистичката партија, а и за нив, иредентизмот е поважен проблем од името.
– Го изразивме ставот на Комунистичката партија на Грција, кој е цврст, доследен и во согласност со принципите кои ги регулираат меѓународните односи и интересите на грчкиот народ и народите од регионот и светот, дека било кое име, не е само крштевање на соседна Република, ниту, пак, тоа е главниот проблем во овој момент. Главните прашања се иредентизмот, не менувањето на границите и менувањето на границите што секогаш ќе бидат обоени со крвта на народите – вели Куцубас и додава дека не е предвидена непосредна промена на Уставот, промена на се она што води до националистички и иредентистички аспирации и секако создаваат проблеми со неприфатливи барања од нашата земја и од другите народи.