ФОТО Мицкоски пристигна последен, Иванов со група советници, почна лидерската средба за името

by fokus

На лидерската средба во Клубот на пратеници први пристигнаа лидерите двете коалициски партии, премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

По нив пристигна и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Специфично кај него е тоа што во Клубот на пратеници се појави во придружба од неколку советници.

Последен пристигна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На координативен состанок на државниот и политичкиот врв на Македонија, Заев и Димитров треба да ги информираат останатите за предлозите за името на медијаторот, Метју Нимиц од последната рунда преговори.

Фото: Кико

Поврзани новости