На Собранието ќе му треба повеќе од половина година за да ги разгледа сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има очигледна намера да ја блокира работата на Собранието и да не дозволи да се имплементира Законот за употреба на јазиците, велат од парламентарното мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 35.000 амандмани пред да започне расправата на Законот во трето читање. Амандманите денеска цел ден се заверуваат во собранискиот архив.

И да се расправа по Законот секој работен ден, сепак на пратениците ќе им требаат над шест месеци за да ги разгледаат сите. Пратеничката група има право од три минути за да го образложи амандманот. Од таму Собранието би расправало над 100.000 минути за поднесените амандмани.

Станува очигледно дека е во пресрет нова блокада, како што беше во случајот со конститутивната седница и разрешувањето на поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости