Мислам дека Македонците го разбираат добро хрватскиот јазик, рече Колинда Грабар откако настанаа проблеми со преводот

by fokus

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, по денешната средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, изјви дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека нема отворени прашања. Хрватска, рече таа, ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и рече дека од своја страна ќе направи се за во јуни да отпочнат преговорите за членство.

-Хрватска е подготвена да го понуди своето искуство и помош. Посакуваме што поскоро Македонија да го изоди патот кон ЕУ и да биде побрза од соседите кои пред неа почнаа со преговори  – рече таа.

Откако настана проблем со преводот, по што следниот дел од нејзиниот говор не можеше да биде симултано преведуван на македонски јазик, Грабар рече.

-Мислам дека Македонците добро го разбираат хрватскиот јазик – им се обрати таа на преведувачите.

Грабар изрази надеж дека наскоро ќе бидат успешно заклучени преоворите со Грција за името и побара од државата поддршка за активнстите на хрватската заедница во Македонија.

-Македонското малцинство е признато во хрватскиот устав и има претставник во парламентот, а хрватската држава финансира активности на македонските здруженија. Од тој аспект би очекувале подд ршка од македонската држава за иницијативи за изучување на хрватскиот јазик, можеби отворање на летна школа, со што хрватската заедница ќе се дозволи да го развива својо култоролошки и национален идентитет – додаде таа.

Поврзани новости