Исчезнат пред два месеци е пронајден обесен

by Fokus

Од министерството за внатрешни работи информираат дека лицето кое било пријавено како исчезнато пред два месеци е пронајден обесен над објект на средното училиште во борова шума.

Според полицијата, во врска со настанот „пронајдено обесено лице“, кој беше даден во извадокот од дневни настани на 25.04.2018 година, истиот ден бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за А.И. од Ресен, кој на 13.02.2018 година бил пријавен за исчезнат. Телото беше пронајдено на 24.04.2018 година во 19.30 часот во Ресен над објектот на средното училиште во борова шума.

 

 

Поврзани новости