606
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да ги бојкотира локалните избори.
-Не треба да има бојкот на локалните избори, за тоа што јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво – рече Мисајловски на Сител.
Тој додаде дека во Изборниот законик стои дека треба да се набават апаратчиња за отисок за овие избори.
-Во Законот е поставено дека власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка – нагласи Мисајловски.