Филипче: Не се оптоварени болниците, но рано е да се опуштиме

by Фокус

Се уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот, предупредува министерот за здравство Венко Филипче.

-Утрово стигнаа нови информации дека се поголем е процентот од вкупниот број на анализирани тестови од јанаури досега, и според последните анализи, 50 отсто потпаѓа на таа мутација на вирусот – рече Филипче на Телма.

Тој додаде дека засега нема драстична промена или оптоварување на здравствениот систем во делот на болниците.

-Во исто време гледаме што и како се случува во некои европски земји и затоа сме внимателни да не случи едно значајно зголемување на пациентите на кои ќе им биде потребно хоспитализација зошто е докажано дека овој вирус многу полесно се пренесува – порача Филипче.

Министерот за здравство смета дека некаква значајна рестрикција нема да има ефект.

– Ние во целокупниот изминат период имавме добро балансирани мерки, кои овозможија и контрола на вирусот, што се виде со падот на заболени и дијагностицирани во текот на денот. Имаме предвид како влијаат рестриктивните мерки и на менталното здравје итн. Токму тој балансиран пристап сега даде одлични резултати – рече Филипче.

Поврзани новости