Граѓаните со дијабет, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања ќе имаат приоритет за вакцинација

by fokus

Најголемата група на хронично болни кои ќе имаат приоритет за вакцинација се дијабет, хипертенизија, кардиоваскуларни заболувања, пулмоларни заболувања, информираше претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.

-Препазливост треба да се има кај пациенти кои имаат алергиски реакции, автоимуни болести и кај тие пациенти треба да се направи консулатација со специјалист. Фајзеровата вакцина е една од најефикасните, претпазливост треба да имаат оние кои претходно имале развиено алергиска реакција на други лекови и оние со автоимуни болести. Веќе милонски дози од оваа вакцина беа дадени, и процентот на несакани реакции е минимален и вакцините се безбедни. Што се однесува до Астра Зенека, таа даде помали резултати кај повозарсните лица, но не од безбедносен аспект, туку во однос на заштита, рече Грозданова.

Поврзани новости