512
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, без срам пред неколку дена изјавува дека не ветиле дека ќе изградат 600 километри автопат, иако тоа им беше еден од најважните ветувања во изборите, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Заев во 2016 година вели дека со планот за живот испланирале 600 километри автопат. Тоа го ставиле на хартија како партиска програма, па го преточиле како програма на владата, која Сугаревски потоа ја читаше, а сега соочени со својата неспособност и незнаење да излезат и да ја убедуваат јавноста дека таква работа никогаш не е ветена. Очигледно највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата ќе биде да се организира чочек – рече Мисајловски.