СДСМ: Наместо за палми, барок и провизии, сега парите одат за инфраструктура

by Фокус

Криминалните тендери, договорените милиониски провизии и пропустите од стотици милиони евра, се единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата, реагираат од СДСМ во однос на изјавата на Владо Мисајловски од ДПМНЕ дека најголем дострел на СДСМ во инфраструктурата ќе биде чочекот.

„Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата бепе симбол на корупција, криминал и неспсобност и токму поради таквата неспособност за 10 години владеење ВМРО-ДПМНЕ успеа да изгради само 10 километри автопат“, соопштија од СДСМ, додавајќи дека наместо на лажен барок, споменици и плами, Владата предводена од СДСМ сериозно инвестира во развој на патната и комуналната инфраструктурата.

Реагираа и од Министерството за транспорт и врски, од каде истакнаа дека инвестициите во патната инфраструкура само оваа година ќе преминат преку 270 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на околу 800 километри патишта во Република Македонија.

„Оваа година ќе заврши изградбата на автопатот Миладиновци – Шти, континуирано се работи на изградба на автопатот Кичево-Охрид, обезбедени се средства од ЕУ за изработка на нов проект за автопат Скопје-Блаце, следниот месец очекуваме да се распише тендер за проектирање на експресен пат со идно прераснување во автопат од Прилеп до Битола, во тек е проектирање на автопат од Кичево до Гостивар, оваа година ќе започнеме со изградба на 3 експресни патишта…“, велат од МТВ.

Поврзани новости