Спасовски: Пред една година бевме на раб на граѓанска војна, креаторите и извршителите мора да бидат казнети

by Фокус

Во Министерството за внатрешни работи денес не се одржуваат состаноци на кои се креираат и монтираат случаи заради политичка или лична нетрпеливост, денес се работи на расчистување на криминални дејствија и организирани групи кои ги загрозуваат интересите на граѓаните и државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на свеченоста во Штип по повод денот на полицијата.

-Пред само една година, Македонија се соочи со сериозно нарушена безбедност и загрозен уставен поредок. Бевме на работ на граѓанска војна и нови жртви за нечии себични интереси. Мотивите и причините се добро познати, но креаторите и извршителите не смеат да останат неказнети. Особено не оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ – порача Спасовски.

Тој додаде дека денес очекувањата на граѓаните да се гарантира јавниот мир и безбедност, борб против корупцијата организираниот криминал, спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам.

-Сите посакуваме да живееме мирно и безбедно. Да бидеме сигурни додека сме со семејството, пријателите, додека сме на работните места, додека одиме по улица, шетаме во парк, во трговски центар. Ова се очекувањата на граѓаните. Овие очекувања се обврска за припадниците на министерството – истакна министерот.

Поврзани новости