Ова значи дека Шиповиќ може слободно да се врати на своето работно место, по што опозицијата повторно ќе го врати мнозинството во советот.
-Да, оваа одлука значи дека се враќам на работа, но сепак оперативно ќе се зафатам од наредната недела, бидејќи сега обвинителството има право на жалба, вели Шиповиќ, видно изненаден од ваквата позитивна одлука на судот.
Од Основниот суд Скопје 1 дадоа и образложени за ваквата одлука.
– Досега обвинетите во целост се придржуваа кон определената мерка притвор. Редовно се јавуваа на сите досегашни закажани главни претреси, коректно се однесуваа пред судот без да се нарушува работата на судот. Исто така, на одлуката влијае и околноста што обвинетите веќе ја дадоа својата одбрана и околноста поврзана со нивните работни обврски како и поради здравствената состојба. Горенаведените причини укажуваат дека повеќе не постои опасност од бегство на обвинетите против кои беше определена мерката куќен притвор, се наведува во соопштението на судот.
Инаку, во текот на денот се одржа уште едно рочиште, на кое последниот обвинет ја даде својата одбрана. Наредното рочиште е закажано за 24 јуни, кога е предвидено да се сослушаат двајца сведоци, предложени од Основното јавно обвинителство.