За Субрата Македонија била прекрасна демократија каде ќе градел нов Лас Вегас

by Фокус

„Сахара“ е во Македонија, бидејќи таму е родното место на Мајка Тереза. Македонија е прекрасна демократска земја…. Таму ќе градиме огромен проект сличен на Лас Вегас. Ќе направиме многу објекти за да може да се снимаат филмови од Боливуд и од Холивуд. Ќе изградиме и млекарница, ова го вели Субрата Рој во интервјуто објавено во книгата која е посветена на неговата компанија „Сахара“.

По неколкумесечна судска битка пред една недела во Мумбаи излезе од печат книгата која хронолошки ја раскажува приказната за подемот и за падот на индискиот тајкун Субрата Рој. Книгата го носи насловот „Сахара: Нераскажаната приказна“. Издавањето на книгата долго беше одложувано бидејќи „Сахара“ го тужеше авторот на делото Тамал Бендиопадиај, новинар специјализиран во областа на економијата и на финансиите. „Сахара“ неодамна ја повлече тужбата под услов во книгата да се појави и објаснување од самата компанија.

„Мајка Тереза само ќе му се јавеше и ќе ми речеше: „Прати ми облека“. Порано ги праќав моите синови да собираат облека и да ѝ ја праќаат. Таа многу се радуваше. „Сахара Еирлајнс“ редовно праќаше храна за нејзината хуманитарна организација. Ви велам, ја посетив два или три месеци пред нејзината смрта во Калкута. Само што беше вратена од болница, не можеше да стане од кревет. Таа само ми ја зема раката и ми рече: „Се надевам дека праќаш храна“. На смрттната постела таа исто така беше загрижена за луѓето што немаат храна. Јас сум единствениот кому му беше дозволено да ги допре нејзините стапала по смртта“, вели Рој во интервјуто.

Со овој ритуал во Индија се изразува голема почит.

Поврзани новости