1.3K
Судскиот совет денеска едногласно ја избра Мирјана Лазарова Трајковска за судија на Врховниот Суд, пренесува Телма.
Поранешната судијка во Стразбур од европскиот суд за човекови права доби можност да конкурира за судија во Врховниот Суд со измените на законот за судови.
Членовите на судскиот совет едногласно, со 12 гласа ја поддржаа Лазарова-Трајковска и едногласно, со 12 гласа, за судија во Врховен беше избран и Сафет Кадрии.