Прва петочна молитва во новиот Исламски центар во Љубљана

by Fokus

Новоотворениот Исламски и културен центар во Љубљана преку социјалните мрежи ги повика верници да присуствуваат на првата петочна молитва, јави дописникот на МИА до Љубљана. Сепак повикот предизвика голем број реакции, пред се, на социјалните мрежи, бидејќи на молитва се канат само мажи.

“Поради очекуван голем метеж, ќе биде тешко да се осигура присуството и на жените“, напишаа од Исламскиот верски центар на Фејсбук.

Дел до словенечките медиуми утрово објавија текстови на оваа тема, а ПОП ТВ објави прилог со наслов “На првата петочна молитва во новата џамија жените не се добредојдени”.

Изградбата на Исламскиот верски и културен центар во Љубљана траеше седум години и бреше проследен со многу дебати.

Поврзани новости