455
Со зголемено присуство на полицијата денеска во Бутел треба да бидат поставени темелите на крст висок 51 метар, како оној во Аеродром.
Според она што може да се забележи, симпатизери на ДУИ меѓу кои има и видни партиски имиња ќе се обидат да го спречат поставувањето на темелникот.
Крстот во Бутел го најави Светскиот македонски конгрес, а дојде веднаш откако во Топанско поле беше поставен споменикот со двоглав орел.
Пред секои избори како по правило се заоструваат меѓуетничките односи, и исто така како по правило промотори на таквите ситуации се членови на владејачките партии.