761
Со пораката Газа – Холокаустот на 21. век денеска во 14 часот ќе се одржи мировен марш посветен на насилствата и на масакрите во Газа, Палестина. Симболично маршот ќе почне од Мурат Пашината Џамија, сместена во средишниот дел на Старата скопска чаршија близи Чифте аман и Сули ан, а ќе заврши пред музејот на Холокаустот кој се наоѓа зад новиот Стар театар покрај брегот на реката Вардар.
Мирниот протест се организира преку Фејсбук и во него ќе учествуваат поголем број невладини организации, а во склоп настанот ќе има и изложба на фотографии од Газа овие денови.
Да сведочиме дека сме на страната на човечноста, повикуваат организаторите!