Сѐ уште е критична состојбата на повредените во фабричката експлозија

by Фокус 11:03
11:03

Повредените во вчерашната експлозија во фабриката во скопско Сопиште сѐ уште се во критична состојба. Од Градската болница за „Фокус“ информираат дека двајцата мажи кои вчера биле донесени кај нив на лекување сѐ уште се во животна опасност и нивната здравствена ситуација во однос на вчера ниту е подобрена, ниту е влошена. Поставени се на апарати за дишење, имаат голем процент на изгореници по телото и по дишните патишта кои дополнително ја влошуваат нивната здравствена состојба.

Жената која лежи на КАРИЛ во Ургентниот центар е исто така во критична состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.

- Advertising -

Експлозијата се случила вчера во фабриката за пиротехника во Сопиште околу 17 часот, по што дошле екипите на Противпожарната единица од Скопје. Командирот Благоја Менковски вели дека тие помогнале да се извлечат четворицата вработени, од кои тројца се потешко повредени, а еден поминал со полесни повреди. Немало поголема материјална штета.

Поврзани новости