Штетите од поплавите во Скопко ќе се санираат со нови задолжувања и со ребаланс на буџетот. Премиерот Емил Димитриев денеска во Собранието го достави новиот предлог-ребаланс на буџетот, со кој дефицитот во државната каса ќе се зголеми за 31,5 милиони евра.
Па така, буџетскиот дефицит од 3,6 отсто ќе достигне 4 отсто од бруто-домашниот производ или од 344,4 милиони евра ќе се зголеми на 375,9 милиони евра.
Истовремено, трошоците на Владата се зголемуваат, додека приходите остануваат на иста позиција од 2,8 милијарди евра. На расходната страна, владата ги зголемува трошењата на 3,2 милијарди евра. Од владата велат дека овој ребаланс се прави за да се обезбедат пари за оштета на поплавените.
Од друга страна пак, од опозицискиот СДСМ реагираат дека власта несоодветно ги троши државните пари и бараат парите за изградба на панорамско тркало и „Рајска градина“ да се пренасочат за помош на поплавените.