СДСМ: Власта обезбедува пари за избори на грбот на поплавените

by fokus 18:54
18:54

Од опозицискиот СДСМ обвинуваат дека со предлогот-ребаланс буџетот, со кој минусот се зголемува за 31,5 милиони евра, владата се обидува да си обезбеди пари за предизборието, глумејќи дека им помага на поплавените семејства.

– Со ребалансот, ставката депозити не само што не предвидува на крајот на годината да останат 167 милиони евра, туку предвидува во 2016 да бидат дополнително искористени уште 65 милиони евра. Владата глумејќи помош, наместо да вложи максимални напори да им помогне на настраданите граѓани, се обидува да си обезбеди 232 милиони евра за предизборни манипулации – се вели во соопштението на СДСМ.

Опозицијата бара под итно парите за изградба на панорамско тркало и „Рајска градина“ да се пренасочат за помош на поплавените.

Поврзани новости