ВМРО-ДПМНЕ: Од пола милион фантоми на крајот излегоа само 30 000

by fokus 17:06
17:06

Владејачката партија реагираше на денешната прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на која изјави дека списокот со спорни гласачи на ДИК докажувал дека во Избирачкиот список има лажни гласачи. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека опозицијата во страв од предизборието, само манипулира и ја лажи јавноста.

– Затоа, Заев и Шеќеринска прво се трудеа да ги излажат граѓаните дека имало 500.000 фантоми, па 450.000 фантоми, па 300.000 фантоми. На крај манипулациите од СДСМ се сведоа на околу 30.000 спорни гласачи главно од петта и шеста изборна единица – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости