359
Обвинувањата од страна на опозицијата во однос на издавањето на еврообврзницата дека е незаконско се целосно невистинити, бидејќи во моментов нема утврден датум за избори, изјави денеска министерот за финансии Кирил Миноски.
– Ние во моментот на носењето на одлуката немаме техничка влада за спроведување на избори од причина што не е утврден датум за одржување на изборите. Во моментот се во тек преговорите за утврдување на иден датум за избори. Оваа теза на СДСМ е невалидна – посочи Миновски.
Министерот за финансии нагласи дека средствата од еврообврзницата се неопходни за буџетската 2016-2017 година, а според него, околу 200 милиони ќе бидат искористени за отплата на претходно искористени кредити.