СДСМ: Мендух Тачи му врши услуга на Мијалков

by Фокус

Од СДСМ вечерва објавија и прислушувани телефонски разговори од првиот човек на УБК, Сашо Мијалков. Во еден од разговорите Мијалков, според партијата, разговара со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Во првиот разговор Тачи го потстува Мијалков дека му стои на располагање, а во вториот раговор Мијалков бара од него да гласаат за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ поднесени во Струмица. Потоа се слуша разговор во кој Тачи веднаш пренесува дека треба да се поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај овие два разговори беше објавени и разговор на Мијалков, со лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, кој бара од Мијалков, луѓе да се јават во ДИК за да и по рокот од 10 часот му ги прифатат документите на Драгиша Милетиќ. Мијалков зборува и со Муса Џафери, со кој, пак, според СДСМ, „решаваат“ некој случај на Управен суд, односно се даваат инструкции како да се заврши.

Поврзани новости