Министерството за животна средина набавило телефонска централа која може да прислушкува

by fokus

Додека трае истрагата кој и колку време ги снимал разговорите на фиксната телефонија на седумдесетина обвинители министерството за животна средина и просторно планирање склучува договор за набавка на телефонска централа по терк на онаа во Обвинителстваото, со можност за снимање и преслушување на комуникацијата, објави Телма.

Тендерот за набавка на централата вредна 1,7 милиони денари го добива Телеком а договорот е склучен на 6 ноември, во време кога паралелно во Обвинителството веќе е отворена предистрага за следењето на комуникациите а за која знаеле и МВР и премиерот Заев. Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници на Телеком. Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.

Според спецификациите, во системот ќе биде вграден хард диск преку кој може да се изберат неколку критерими за снимање, дојдовни или појдовни повици, сите повици на фикасната телефонија или пак снимање на одредени линии и локали. Постои можност да се известува дека повикот се снима, како и можност да се преслушуваат и пребаруваат снимените разговори според датум, време, локал или тип на повик.

Поврзани новости