Заев за Хазби Лика: Не можам да бидам задоволен од човек кој понекогаш доаѓа на работа

by fokus

Не можам да бидам задоволен од човек кој понекогаш иде на работа, понекогаш не доаѓа, изјави премиерот, Зоран Заев, на новинарско прашање дали е задоволен од вицепремиерот Хазби Лика, за кој постојат шпекулации дека ќе биде сменет со новата владина реконструкција.

-Тој доаѓа понекогаш на работа и процесите течат, но бил повеќе задоволен ако постојано бидеме сите на работа и ги сервисираме потребите на граѓаните – рече Заев.

По информациите дека со реконструкцијата ќе биде опфатен и министерот Крешник Бектеши, премиерот рече дека е задоволен од него, но дека за сега не е воопшто разговарано меѓу владините коалиционери за смена на министрите.

-Нормално е партиите да сакат да повлечат свои кандидати, но очекувам аргументи и за Бектеши и Хазби Лика. Немам барање од нивната партија, до сега не е разговарано на таа тема – рече Заев.

Поврзани новости