Сообраќајка го парализираше сообраќајот во Автокоманда, колона возила заглавени веќе два часа

by fokus

Поради сообраќајна несреќа, веќе два часа сообраќајот кај Автокоманда е заглавен. Колона возила, кои се приклучуваат од Ченто и од автопатот, се заглавени и речиси и да не се движат.

Според информации од терен сообраќајката се случила уште пред 7 часот утринава, но и по два часа сликата е иста.

Граѓаните нервозно коментираат дека е невозможно навреме да стигнат на работа, но и да ги однесат своите деца во училиште или градинка.

Според првичните информации при сообраќајката е причинета само материјална штета.

Фотографии се превземени од фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам

Поврзани новости