452
Министерството за здравство ја информира јавноста дека посочениот оглас во неколку медиуми, на кој се бара државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, е завршен.
– Потенцираме дека единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист. А дополнително има и соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција. Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати. Во исто време, сакаме да потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи – се наведува во соопштението од министерството за здрасвтво.