Хуманитарен караван

by Fokus 14:51
14:51

Министерството за труд и социјална политика заедно со  Зегин како општествено одговорна  компанија  обезбедија новогодишни пакетчиња за сите децата згрижени во институциите и дневни центри под надлежност на ова Министерство. Денеска беа врачени пакетчиња на деца од неколку институции во Скопје, а децата ја проследија и претставата „Зимска бајка“ во Театарот за деца и младинци, каде ги поздрави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Животот на овие дечиња кои ќе ја гледаат претставата е далеку од бајка. Но ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца, изјави министерката.

Потенцирајќи дека сите предновогодишни активности што ги спроведуваат се во соработка со општествено одговорна компанија, а годинава пример е Зегин, рече дека компаниијата е заинтересирана да вложи во најранливите групи граѓани.

 

 

 

Поврзани новости