Министерството за правда формира дисциплинска комисија за раководителката што пријавила новинарка

by Fokus

Министерството за правда формира дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето на новинарката Соња Колевска-Делевска во полициска станица за објавен текст.

„Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сè што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни.

Министерството за правда ќе направи сè за да ја заштити слободата на изразување и говор, која е неприкосновено право во секое демократско општество”, се вели во денешното соопштение.

 

Поврзани новости