Министерството за финансии е најзатворено кон јавноста, според истражувањето кое го спроведе Институтот за човекови права. Во ова истражување беше направена црна листа на најнетранспарентните институции во Македонија, а на второто место се најде Генралниот секретаријат на Владата.
-Црната листа е направена врз основа на податоците за неодговарање на барањата поднесени по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, велат од Институтот за човекови права.
Тие додаваат и дека дел од институциите не само што не одговарале на барањата, туку и поднесувале тужби до Управниот суд за да ја одолговлечат процедурата.
На трето место на листата е Министерството за внатрешни работи, на четврто Министерството за култура, а на петто место се најде Фондот за здравство, кој на едно од барањата одговорил дури по три години.