Прогласена Автономна зона и на Техничкиот факултет во Битола

by Фокус 20:53
20:53

Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска напладне прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

-Првата вечер во Автономната зона на Техничкиот факултет ќе ја поминат четириесетина студенти. Очекуваме дека во наредните денови овој број постојано да се зголемува, па затоа секој кој е заинтересиран да помогне со храна, со пијалаци може да дојде тука и директно да ни ги донесе. Секаков вид на помош е добредојдена, вели Борис Николевски од битолскиот Студентски пленум.

- Advertising -

По примерот на Автономната зона на скопскиот универзитет, и битолските студенти ќе организираат алтернативни предавања и ќе имаат целодневна програма. Од битолскиот Студентски пленум апелираат до грѓаните да донираат основни прехрамбени продукти, но и да им позајмат грејни тела, бидејќи имало најави дека вечерва ќе им го исклучат греењето.

Инаку, при прогласувањето на првата Автономна зона во Битола, не се исполнија најавите од вчера, дека ќе има „ контра-пленумци“ кои ќе протестираат со транспаренти „Сакаме да учиме“, па се помина во мирна атмосфера.

Поврзани новости