Министерството за земјоделство склучило вкупно 150 договори со земјоделци за вкупно над илјада хектари земја. Како што истакна министерот Трајан Димковски, за јавниот оглас до 3 хектари се склучија 86 договори за вкупно 206 хектари, а за јавниот оглас над 3 хектари се склучија 64 договори за вкупно 800 хектари.
-Овие два огласи за доделување на државно земјоделско земјиште ќе придонесат за зголемени обработливи површини и производство на земјоделски производи, за поголеми приходи за земјоделците и секако за отворање на нови работни места, што крајно ќе придонесе за економскиот развој на овој регион. Конкретно, според склучените договори за јавниот оглас над 3 хектари, ќе се овозможи отворање на околу 50 нови редовни работни места и исто толку сезонски – рече Димковски.
Воедно, тој истакна дека откупот на тутун е при крај и се очекува до крајот на наредната недела да заврши.