Полицијата пресретнала возило со 10 мигранти, но возачот избегал

by Фокус

Полициска патрола рано изутринава забележала патничко моторно возило „Порше Каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“.

Како што информираат од полицијата, мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнала, по што возачот симнал мигранти што ги превезувал и избегал.

Притоа, според МВР, на местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

Поврзани новости