Министерство за здравство: Немало лекарска грешка за смртта на трите новороденчиња

by fokus

Министерството за здравство ги соопшти заклучоците на Комисијата за стручен надзор, во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, при што се заклучува дека не била утврдена лекарска грешка.

„Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со инсулинозависен гестациски дијабет, хипертензија и инфект кај мајката, што доведе до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст (помала од 28 гестациска недела) и мала родилна тежина (под 1.000 грама). Сите овие ризик фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет кај истите“, се наведува во соопштението од Здравство.

Врз основа на разгледаната медицинска документација и разговорите со здравствените работници, од страна на Комисијата се констатира дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи за следење високоризична бременост, соодветен третман пред породувањето, правилна индикација за оперативно завршување на предвремено започнато породување, запазенианестезиолошки процедури, успешно спроведена примарна стабилизација на новородените во операциона сала, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија.

Поврзани новости