Коле Штериев на местото на Аневски: Точно е дека Советот беше во конфликт со СЈО

by fokus

На местото на Петар Аневски, како претседател на Советот на јавни обвинители, ќе седне Коле Штериев. Како единствен кандидат тој денеска ја доби поддршката од мнозинството членови, откако претходно беше прифатена оставката на Аневски.

-Ќе се обидам да ги искористам мојот капацитет и капацитетот на членовите на Советот и се надевам дека ќе успееме да ја поправиме сликата на Советот. Дел од впечатоците во јавноста се дека советот како да бил во конфликт со СЈО, тоа не се само впечатоци, тоа се состојби, затоа што тоа беше така. Но не можете да ги барате причините само во Советот. Свесен сум за нарушениот углед на институцијата меѓутоа ќе работам на подобрување на нејзиниот углед. Советот во иднина ќе биде потранспарентен – изјави Штериев.

Во однос на претходните одлуки на Советот поврзани со предмети за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, Штериев истакна дека Советот воопшто не требало да расправа дали на Јанева да и бидат дадени предмети.

Поврзани новости