Министерство за здравство: Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на границите

by fokus

По објавата во дел од медиумите, дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство ја демантира информацијата.

-На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Поврзани новости