Министерството за одбрана до Шилегов: Јолевски секогаш достоинствено ја претставува Македонија

by fokus

Откако Петре Шилегов од СДСМ го повика министерот Зоран Јолевски да објасни што се зборувало на неговата средба со американскиот конгресмен Дана Рорабакер и дали тоа е повод за контроверзните изјави на конгресменот за поделба на Македонија, Министерството за одбрана се огласи со реакција.

-Сакаме да го потсетиме господинот Шилегов дека министерот за одбрана Зоран Јолевски, во 2008 година додека беше амбасадор на Република Македонија во САД го преговараше текстот за Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во која САД експлицитно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, како и унитарниот карактер на Република Македонија- стои во соопштението од МО.

Инаку, конгресменот Рорабакер, неодамна во едно интервју, рече дека Македонија е „пропаднат проект” и дека треба да се подели меѓу Бугарија и Косово.

Поврзани новости