Министерот за правда Аднан Јашари нема сам да покрене иницијатива за ослободување на Кежаровски, како што побара ЗНМ. Тој ќе почека прво Кежаровски да поднесе иницијатива за да ги разгледа можностите дали и како ќе постапи.
Од министерството за правда велат дека до нив не е стигната никаква иницијатива или барање за да постапуваат по случајот со Кежаровски. Тоа ќе го направеле ако некој поднесе писмено барање.
Со ваквиот став, министерот Јашари се дистанцира од досието „Ликвидација“ и се штити со повикување на процедурата.
ЗНМ, по експресното приведување на Кежаровски, повика минстерот да покрене постапка за ослободување, додека претседателот Иванов веднаш да го прифати предлогот на министерот. За сега ниту Јашари, ниту Иванов покажуваат интерес за случајот.