На Кежаровска не и дозволиле посета во Шутка

by Фокус

Сопругата на новинарот Томислав Кежаровски, Марина, не успеала денеска да го посети во затворот во Шутка. Стражарите и објасниле дека се изминати само 24 часа и дека посета не е дозволена. Ја поучиле да дојде за една седмица и така сигурно ќе го посетела сопругот.

„Откако ми соопштија дека немам право да го посетам Томче, иако вчера на сила и на изненадување на сите ни го зедоа во затвор, ја оставив храната која ја носев, а за која ми ветија дека ќе му биде предадена. Навистина не знам зошто не е дозволено да го посетам, но се надевам дека додека изминува седмицата за дозвола за посета, тој ќе биде веќе дома оти очекувам дека ќе ни се прифати барањето за условен отпуст“- вели Кежаровска.

Таа се уште е под стрес, но нема да се откаже од битката се додека има луѓе кои се на нивна страна. Надежта не ја напушта дека судот ќе најде начин како да ја прекине затворската казна, особено по повиците на странските и домашните новинарски здруженија.

Поврзани новости