Министерот за комуникации и транспарентност вети усвојување на Законот за медиуми

by fokus

Министерот без ресор задолжен за прашања за комуниција и транспарентност, Роберт Поповски, денеска соопшти дека предложениот Закон во текот на Договорот од Пржино за реформи во медиумите ќе се усвои наскоро.

-На Македонија и се потребни темелни реформи во оваа област, тоа е обврска пред се кон граѓаните на Република Македонија, меѓутоа една од обврските преземени во насока на евроитеграцискиот процес на Република Македонија. Она што треба да се направи е регулација, поточно реформи кои што ќе значат вистинско регулирање на медиумската сфера. Знаете сите ние велиме што помалку регулација е подобро, меѓутоа некогаш кога не функционираат регулаторните тела и механизми потребно е прво тука да се средат работите, рече Поповски.

Тој денеска присуствуваше на конференцијата „Иднината на комерцијалните терестријални телевизии на национално ниво: Која е формулата за успех?“, каде освен за новиот закон, зборуваше и дека новата влада нема да потроши буџетски средства за комерцијално рекламирање.

Поврзани новости