577
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.
„Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.